Да претпоставиме дека сте уплатиле 50 евра, сте зеле бонус и сте го изиграте, односно сте и исполниле сите услови. Сега е време за исплата, која сигурно била и целта на вашето играње.
Начинот на кој сте ги уплатиле вашите пари во поголем број случаеви е начин на кој можете да ги исплатите средствата. Во случај добивката да е огромна, голем број казина ќе бараат да ви ги исплатат средствата директно на вашата девизна банкарска сметка.
Често се случува при првата исплата казиното да бара да ја верификувате вашата сметка и вашиот идентитет, односно податоците кои сте ги внесле при регистрацијата. Многу од играчите ќе помислат дека ова им е побарано само за да не им ги исплатат средствата, но за тоа не се во право.
Ова е стандардна процедура која ја бара управата за игри на среќа и заштита од перење на пари.
Документите за верификација воглавно се бараат само еднаш со цел да се утврди дека станува збор за вистински играч, а не „бот“ или некој невистинит кој сака да го искористи само бонусот, а со тоа се потврдуваатат информациите кои се внесени при креирањето на вашата сметка во онлајн казиното.
Најпрво ќе добиете упатство како да ги испратете, најчесто тоа е преку меил, а потоа преку меил ќе добиете потврда за статусот на вашата верификација.
Документи кои можат да ви бидат побарани се:
- Копија или слика од пасошот, личната карта или возачката дозвола
- Сметка од струја, вода, телефон или било каква друга сметка за да се потврди адресата
Генерално ова може да го сликате со вашиот телефон и да им го испратете на службите за верификација, а потоа во наредните 12 – 36 часа да очекувате вашиот налог да биде верификуван и да биде почната постапката за исплата на вашите средства.
Во зависност од начинот на исплата, вашите средства ќе ви бидат достапни за трошење во рок од 2 до 5 работни дена.