-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

СДСМ: Продолжуваат преговорите со ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети поладнево имаа средба на Бихакќа. По средбата Ахмети не соопшти што се разговарало, кусо соопштение даде СДСМ.

„На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања .Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана“,се наведува во соопштението.

Вчера Ахмети имаше средба и си лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски од каде информираа дека на средбата акцентот во разговорите бил ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

поврзани објави

Последни објави