fbpx
20.8 C
Skopje

МИСЛЕА ДЕКА ДОНЕЛЕ ВРВЕН ИГРАЧ, А ТОЈ ДА ТИ БИЛ ИЗМАМНИК

АКТУЕЛНО

Не и верувајте во се што пишува на Википедија, а зошто? Прашајте го клубот Паневежис

Литванскиот фудбалски клуб Паневежис имаше непријатна авантура во зимскиот преоден рок. Се работи за второлигаш кој се пофали со големо засилување, францускиот напаѓач Баркли Мигел-Панса. Се работи за играч кој во кариерата играл за КПР и на 36 меча дал 45 голови во Чемпионшип дивизијата, а лани играл во француската Лига 2 за Орлеан. Така и клубот го претставил на својата официјална интернет страница.

Но сето тоа била голема измама. Сите гореспоменати податоци на Мигел-Панса се на Википедија и се неточни. А фудбалерот очигледно ги „билдал“ биографијата на Википедија за да биде интересен за фудбалските клубови. Ако финтата му поминала кај клубот не поминала кај новинарите. Тие веднаш прочепкале по интернет за да ги проверат тие податоци и сватиле дека се работи за измама.

Мигел-Панса ја почнал кариерата во Англија, но во нисколигашот Вокинг, по неколку прошетки по француски аматерски клубови, а точно е дека лани бил во Орлеан, меѓутоа во втората екипа. Се пробал и во третата шведска лига но ни таму не успеал, но затоа успеал да ги измами Литванците. Можеби ќе се покаже како одлично засилување за Пеневезис, ќе видиме…

Извор: Sport.com.mk (ВЕСТ)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -