Доаѓа крајот на најголемите човекови маки, физичката активност и штедењето. Индискиот бизнисмен и иноватор Маноџ Баргава, произведе велосипед, кој за само еден час возење ќе произведе доволно електрична енергија за 24 часовно напојување на домот.
Овој „паметен“ велосипед е наречен „Free Electric hybrid bike“, а електричната енергија ќе се создава со вртење на педалата кои се поврзани на тркало кое пат преку генератор ќе ја апсорбира енергијата во батерија.
Според Баргава со овој изум ќе се помогне на многумина семејства кои живеат во сиромаштија или немаат пристап до струја. Првите 10.000 велосипеди ќе бидат дистрибуирани во неговата татковина Индија, а на овој проект тој напомна дека е подготвен да потроши 90% од неговото богатство за хуманитарни цели.