Германскиот парламент го изгласа законот за легализирање на марихуаната за медицински цели, со што ќе им се помогне на пациентите заболени од епилепсија, рак и милтиплексклероза. Со ова Германија се приклужи на останатите земји на Европа кои ја легализираа марихуаната во медицината меѓу кои е и Македонија.
Овој закон беше најавен уште минатата година, кога на еден пациент му беше одобрено да одгледува марихуана за лични потреби, бидејќи беше утврдено дека може да му ги ублажи болките.
Владината функционерка, Марлен Мртлер, напомена дека овој закон не го отвара патот на целосно легализирање на марихуаната во Германија.