Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека создавањето на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово „не е фер“, но дека Приштина е решена да го поддржи партнерството со Западот.
Според Тачи, косовските власти преземале одредена одговорност и обврски и ќе ги исполнат во согласност со постигнатиот договор.
– Донесена е одлука да го одржуваме своето стратешко партнерство со САД, ЕУ и НАТО, истакна Тачи, говорејќи на седницата на Владата на која беше одбележана десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.