Кој не би сакал да води љубов со часови? Сепак, поведени од страста и интензитетот на моментот повеќето љубовни парови завршуваат за 15 –тина минути, а потоа паѓаат во длабок сон.
Поискусните мажи знаат како да го искористат своето време и да ја доведат саканата до оргазам, но кога станува за помалку вешт маж, жената е онаа која го извлекува подебелиот крај и поголемото незадоволство. Во прилог следат неколку совети како да го оддолжите свршувањето на мажот и да ја продолжите сексуалната игра.
Малку орален
Потрудете се првиот пат да го доведете својот маж до свршување преку орален секс. Втората партија секогаш трае подолго, што ќе ви даде повеќе време и простор за да можете да доживеете оргазам.
Прескокнете ја кучешката поза
Ова во суштина е одлична секс поза за посилниот пол бидејќи има можност да доминира, а истовремено да го гледа задникот на својата сакана. Сепак, кога сакате сексот да трае подолго избегнувајте ја оваа поза затоа што предизвикува најбрзо свршување. Наместо тоа префрлете се на мисионерска или пак на каубојска поза каде што ќе можете да ја контролирате пенетрацијата.
Правете паузи
Кога ќе забележите дека сексот станува премногу интензивен сменете ја позата, направете пауза и од пенетрација преминете на нежно милување и бакнување.
Допир за подолго траење
За време на сексот, побарајте од партнерот да го извади пенисот, по што нежно ќе ја стиснете главата од истиот. Оваа техника го намалува нагонот, по што потребна е нова и подолга стимулација за да се ејакулира.
Оргазам во предиграта
За да му ја олесните работата и да го оттргнете психолошкиот притисок од неговите мисли обидете се да го доживеете првиот оргазам за време на предиграта. Иако тоа звучи помалку контрадикторно, во суштина е мошне применливо во практика. Од една страна мажот не мора да брза за да ја доведе својата партнерка до оргазам бидејќи таа веќе еднаш свршила, а од друга женат во текот на сексот повеќе пати може да доживее оргазам и тоа преку стимулација на различни делови на вагината како клиторисот, Г-точката, А-точката и слично.
Диши длабоко
Можеби не сте знаеле, но длабокото дишење може да го намали сексуалното возбудување и со тоа да му овозможи на мажот подолго да ја одржи својата ерекција.