13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Фудбалот е повеќе од игра! Тоа е ЉУБОВ – Сити одушеви со неверојатниот гест за трагедијата на најголемиот ривал (ФОТО)

Поминаа 60 години откако авионот со фудбалерите на Манчестер Јунајтед се сруши брзо после полетување од минхенскиот аеродром, но спомените на осумте млади фудбалери кои загинаа, не избледеа. Трагедијата се случи на 6. февруари 1958. година во 15.04 на минхенскиот аеродром откако по трети пат се направи обид да се полета за време на силен снег.

Екипата која некогаш ја водеше Matt Busby остана без осум фудбалери и тројца членови на клубот.

Јунајтед од тогаш секоја година ја одбележува трагедијата, а во тоа им се придружи и најголемиот ривал, Манчестер Сити. Под двосмислена ознака #ACityUnited која е спој на два клуба, но и фраза “Обединет град“ на фотографија која ги прикажува најсилните фудбалски ривали како заедно навиваат, Сити на Твитер се придружи во одбележувањето на трагедијата на Јунајтед.

Освен оваа фотографија, Сити денеска на социјалните мрежи, на која ја следат 5,8 милиони луѓе, за главна фотографија има часовник кој покажува  15 часот и 4 минути. Ист таков симбол на Твитер денеска користи и Јунајтед. БРАВО ЗА ГОЛЕМИТЕ РИВАЛИ!!!

поврзани објави

Последни објави