Денес според јулијанскиот календар е празникот Св. Јован Крстителот, кој имал огромна улога на вчерашниот празник, Богојавление, каде се верува дека на овој ден во реката Јордан го има крстено Исус Христос.
Според верувањата, на денешен ден не треба да се јаде и пие ништо црвено, бидејќи таа боја ја означува невино пролеаната крв на светителот.
На денешен ден се слави славата Св. Јован, а фамилиите често се збратимуваат на овој празник, бидејќи се смета дека Јован бил пример за човечност и карактер.