Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед водат голема битка за Иван Раќитиќ, тврди шпанскиот спортски таблоид Дон Балон.
Шпанците наведуваат дека хрватскиот играч е во страв за својата улога во Барса после доаѓањето на Филипе Кутињо и дека веќе следното лето би можел да размисли за промена на клубот.
Веќе доби понуда на два клуба од Манчестер и разговараше со Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо. Тие се обидуваат да го наговорат да им се придружи следната сезона, пишува Дон Балон и наведува дека Раќитич сака да се опрости од Барса со освојување на трофеј оваа година.
Тој оваа сезона одигра 35 натпервари во кој постигна три голови и четири асистенции. Договорот со Барселона е до 2021. година.