fbpx
20.8 C
Skopje

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Јакимовски ја третираа општина Карпош како приватна сопственост

АКТУЕЛНО

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изнесувајќи куп лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција всушност даде осврт на сопственото владеење во Општина Карпош, заедно со коалициониот партнер, Стевчо Јакимовски.

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Јакимовски ја третираа Општина Карпош како приватна сопственост којашто беше заробена од урбаната мафија и тонеше во долгови и криминал. Таквото самоволно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја направи Карпош една од најзадолжените општини со долг од околу 14 милиони евра.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за луксуз, новата локална власт предводена од СДСМ работи на спроведување на зацртаните мерки и стабилизирање на финансиската состојба во Општината.

Јавноста веќе беше информирана дека во изминатиот период, започната е реализација на повеќе капитални проекти како што е целосна реконструкција на градинката “Мајски Цвет” во Тафталиџе 2, градба на нова градинка во Бардовци, се презедоа и интервентни мерки за справување со загадувањето. Градинките и училиштата се снабдуваат со прочистувачи за возух, се стопираа градежните активности под надлежност на Општината, а општината отвори и еко – линија за пријавување на загадување на отворено.

И покрај наследената лоша финансиска состојба, донесен е стабилизационен и развоен Буџет во кои се предвидени и капитални проекти за 2018 година. Оваа година започнуваат низа на други проекти во интерес на граѓаните од Општина Карпош.

Наместо да шират лажни вести, од ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да го следат работењето на Богоев и локалната власт предводена од СДСМ за да се уверат како Карпош од заробена и задолжена, се менува во слободна и развиена општина“ се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -