13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Груевски се пожали дека секој ден бил на судење

Судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство, во кое обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, е одложено за 15 февруари.

Одложувањето го предложи судијата Огнен Ставрев, на што одбраната реагираше дека времето е кратко и немаат доволно време да се подготват. Претходно, во вторник, судијата ги повика на разговор, за тоа дали ќе биде одреден дополнителен термин или ќе остане 15 февруари.

„Не можеме да ги слушнеме снимките за Космос за една недела, секој ден сме на рочишта“, му објаснуваше експремиерот Никола Груевски на судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1, кој го премести денешното рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“ за една недела.

„Кога да ги слушаме тие докази? Понеделник, вторник, среда… секој ден сум на судење. На Зоран Заев судот му закажува на 2 месеци, мене секој ден. Ова веќе не е судење. Ова е фарса. Ова е малтретирање“, за првпат влезе во дијалог со судија обвинетиот Груевски.

На ова судијата одговори дека разбрал дека во снимките, доказ за постапките во ТНТ, има и приватни разговори и образложи дека не сака да се доведе во ситуација овие разговори да ги предаде на обвинетите и тие да бидат злоупотребени и да излезат во јавноста. „Ова е суд, а не трафика“, одговори судијата Ставрев на барањето на обвинетите и нивните бранители.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривање на комплесот „Космос“ во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски. Оштетениот Фијат Цаноски веќе изјави дека со одмаздничкото уривање на неговиот комплекс во изградба, во август 2011 година, само затоа што ја напуштил коалицијата со Никола Груевски, направена му е штета од 50 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави