5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Прилеп се подготвува за „Прочка 2018“

Прилеп ги прави последните подготовки за 17-от по ред меѓународен карневал „Прочка 2018“, што ќе се одржи од 16 до 18 февруари.

Карневалските свеченост почнуваат на 16 февруари со отворање на традиционалната изложба на детски маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Изложбата на која ќе бидат претставени оригиналните идеи – маски на учениците од прилепските основни и средни училишта ќе ја отвори градоначалникот Илија Јованоски.

Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари, на кој со своите креации, поединечни и групни маски во центарот на градот ќе дефилираат учениците.

Главната манифестација ќе се одржи на Прочка, на 18 февруари, кога ќе дефилираат маските од земјава и странство.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, кој со локалната самоуправа е соорганизатор на карневалот, на настанот ќе продефилираат над 1000 учесници и гости од земјава и од странство.

Досега се пријавени групи од Македонија и од соседните држави: од Будва во Црна Гора, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква во Србија, од Корча во Албанија, од Перник во Бугарија, а се очекуваат учесници и од Италија, Словенија, Украина. Од Македонија се најавени гости од Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш.

поврзани објави

Последни објави