Алексис Санчез еден од подобрите чилеански фудбалери, направи интервју со Тјери Анри на англиската ТВ „Скај Спортс“.
„Сметам дека Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во Англија. Тоа го мислам од многу порано, а не поради тоа што сега сум тука, секогаш сум бил искрен. Потврда за тоа се успесите и титулите кои стојат зад клубот. Си заминав од Арсенал, бидејќи сакав да научам нешто ново како фудбалер и да напредувам. Дојдов во Јунајтед за да освојувам титули“ , беа зборовите на 29-годишниот Чилеанец.
Со актуелната заработка, Санчез е на самиот врв на најдоброплатени фудбалери во најсилната англиска лига.