5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Севернокорејската делегација ја заврши посетата на Јужна Кореја

Делегацијата на Северна Кореја, вклучувајќи ја и Ким Јо-Сунг – сестрата на севернокорејскиот лидер, ја заврши својата посета на Јужна Кореја.

Дваесет и двајца претставници на Пјонгјанг пристигнаа на југот во петокот, каде учествуваа на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри.

Делегацијата на Северна Кореја се сретна и со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, кој доби покана да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

поврзани објави

Последни објави