Како што пренесуваат шпанските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и фудбалер на Барселона, Лионел Меси ќе постане најплатениот фудбалер на светот.
Иако се уште не е потврдено колку точно тој ќе заработува неделно, но сепак познато е дека ќе има поголема плата од Карлос Тевез, кој заработува 720 илјади долари неделно.
Со оваа информација шпекулациите за евентуален трансфер на Меси во некој од супербогатите клубови како ПСЖ и Манчестер Сити завршија. Меси оваа сезона постигна вкупно 26 погодока во сите натпреварувања во дресот на Барселона.