18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Балак: Овербо се направи слеп, тоа беше чист пенал, се надевам дека судиите утре…

Михаел Балак е еден од играчите кој одбележа една успешна ера во германскиот фудбал, па неговиот збор и став има посебна тежина кога се работи за прашања поврзани токму со овој спорт.

Легендарниот ас отворено за „Кикер“ посочува дека клубовите од Бундеслигата сериозно каскаат и заостануваат во однос на квалитетот на тимовите од Премиер лигата или поточно го издвојува само Баерн Минхен како тим кој може да игра на највисоко ниво.

-Ако ја гледам Бундеслигата, јас сум заинтересиран за Баерн. Зад нив нивото може да се контролира. Премиер лигата емерка за сите работи. Јас гледам голема разлика во квалитетот, но тоа го увидов  пред неколку години. Пред неколку години мислевме дека другите клубови како што е Дортмунд барем може да го затворат јазот, но се чини тие назадуваат, -вели Балак.

Тој проговори и за натпреварот во кој токму тој беше главна фигура кога го бркаше судијата Овербо кој не досуди пенал за Челси во натпреварот против Барса во дуелот од Лигата на шампионите.

– Тоа беше натпревар кој секогаш ќе го паметам. Бев многу нервозен бидејќи тоа беше чист пенал за нашиот тим, а веќе неколку секунди подоцна бевме казнети и тоа во финишот на натпреварот. Бевме реално оштетени. Мислам дека ова ќе биде исклучително интересен натпревар и се надевам дека Челси овој пат нема да биде оштетен и дека судиите ќе си ја гледаат својата работа, за разлика од нивниот колега кој буквално се направи слеп на тогашниот дуел.

поврзани објави

Последни објави