6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

ВО САМО ДВА ДЕНА Прво му исчезна автомобилот, сега му е ограбена куќата

Откако пред само два дена му исчезна автомобилот по прошетката во Барселона, бидејќи истиот беше кренат од „пајак“, синоќа куќата на бразилскиот репрезентативец Фелипе Кутињо во Барселона е ограбена синоќа вечер додека тој на вечера со семејството.

Фудбалерот се вратил дома околу 1:30 по полноќ и затекнал непријатна ситуација. Веднаш повикал полиција која направила увид на лице-место и веќе почнала да ги бара криминалците. Засега нема информација што е точно украдено од куќата.

Фудбалерот заедно со семејството  живее во елитната населба Бељамар во Барселона, во близина на Луис Суарес кој му помогна да ја најде куќата. Бразилецот нема право на настап во Лигата на шампионите, па остана во Барселона каде што максимално се посвети на своето семејство.

поврзани објави

Последни објави