По изнесените информации на МКД.МК за евентуално враќање на Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ, нашиот портал Поглед.мк стапи во контакт со Генералниот секретар на ВМРО НП, Љупчо Балкоски, кој вели дека засега ниту имало некакви средби, ниту пак било какви разговори за можно враќање на Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ.
– Нема никакви средби, ниту пак било какви разговори за едно вакво прашање. Ние сме посебен политички субјект и како таков дејствуваме во политичката десница во Република Македонија, со конкретни заложби за конечно интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.