ПСЖ се вклучи во трка со мадридскиот Реал за голгетерот и капитен на Интер Мауро Икарди и е подготвен да плати неверојатни 110 милиони евра за Аргентинецот. Како што пишува Corriere dello Sport”, Парижаните за Икарди би дале 40 милиони евра за пет годишен договор. Аргентинецот би дошол како замена за Едисон Кавани, чие заминување се очекува на лето поради несогласување со првата ѕвезда на тимот Нејмар.
Наводно, таквата понуда е пониска од онаа на Реал, која нуди пет милиони повеќе и 30 до 50 посто приходи на Икарди.
Интер полека го губи трпението со Икарди, посебно поради честите барања на неговата жена и агентка Ванде Наре околу подобрувањето на финансиските средства и следниот преоден рок ќе ги сослуша сите понуди. На прашањето колкава е вредност на Мауро Икарди, неговата жена одговори: Колку вреди Мауро?
Најмалку 200 милиони евра.
Аргентинецот во Интер пристигна 2013. година во Сампрдорија, а Интер на клубот од Џенова плати 6,5 милиони евра за 50 % права на играчи. За интер одиграл 170 натпревари, постигна 96 голови, забележа 23 асистенции.