18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Мини-дефиле на олдтајмери на 24 март во Делчево

Клубот “King’s of the roads” со дел од возниот парк на свои олд-тајмери за 24 март најавува мини дефиле низ градот Делчево. Собирот ќе биде отворен за сите оние кои поседуваат олдтајмери и кои  имаат желба да ги стават во погон, со што практично ќе можат да извршат проверка на нивната возна состојба. Големиот вљубеник во олдтајмерите, инаку претседател на клубот “King’s of the roads”, Лоренцо Трајановски, очекува да се повтори сликата од октомври 2016 година кога во Делчево се одржа првото дефиле на олд-тајмери. На тој настан низ градските улици продефилираа над 50 возила кои беа стари 40 и повеќе години. Инаку, клубот “King’s of the roads” е во фаза на регистрирање во централен регистар, а моментално брои околу 20 членови. Во видеото на следниот линк се потсетуваме на првото дефиле на олдтајмери во Делчево.

поврзани објави

Последни објави