Нејмар е сјајен играч. Еден од најдобрите во светот. Но покрај неговото име пречесто се поврзува и епитетот – глумец. Многу помислија дека глуми кога падна и на натпреварот против Марсеј викендот. Меѓутоа, Нејмар тогаш навистина се повреди, а во понеделник вечерта беше потврдено дека Бразилецот ќе го пропушти натпреварот на сезоната – против Реал Мадрид.
Нема сомневање дека Нејмар сака што побрзо да се врати на терен, но познатиот лекар Педро Луис Риполл го предупреди дека прерано враќање на теренот е ризик за остатокот од сезоната.
– Играч со таква повреда тешко може да игра натпревари следните недели. Би можел да игра под инекции, но постои ризик поради повредата. Би му советувал да не игра.
Нејмар во текот на натпреварот е фаулиран дури осум пати – што е најголем број на фаули кој е направен над него во текот на сите 81 минута во сите натпреварувања во кој што играл. Осум пати е фаулиран и во првенствени натпревари со Толус и тоа во само 90 минути.