Ова е кичарајско градење и упропастување на градот. Ние сме сега без идентитет. Сопствениот идентитет го претворивме во кич за кој како нација не доживуваат како кретени откако го изградивме овој Шоу – Дизниленд со оваа барокизација од проектот Скопје 2014.
Тоа што е фабрика за перење за пари е настрана. Но за мене најважно е нашата самопочит и нашето достоинство. Нема никаква идеологија во нашата методологија и мојот пристап. Зградата каде што Филип Петровски беше директор е некадарна, не изгледа добро и не е квалитетно направена.
Мене ми е жал што вие ја еманирате инфериорноста на тие што мислите дека ги претставувате. Јас не се бавам со анализа на граѓани, туку со анализа на делата кои се докажани. Прв пат после фашизмот во некоја држава е употребено таков вид на насилство да во јавните набавки односно конкурсите архитектонски политичката власт инсистира да нема да бидат дисквалификувани оние кои нема да се противат на желбата на фирерот. Секоја набавка ја има таа реченица – треба да се докажува ли тоа? Ова беше тешко тоталиристичко насилство кое е извршено врз јавниот простор и струката на професионалците кои се занимаваат со ова.








