Македонската ракометна репрезентација не успеа да се избори за историско четвртфинале на Светските првенства, откако во осминафиналната средба бевме совладани убедливо од Норвешка со 34:24.
Избраниците на Лино Червар имаа можности во овој натпревар, особено во првиот дел, каде игравме дисциплинирано и на полувреме заминавме со негатива од 12:10, иако водевме често и промашивме неколку зицери за да дојдеме до поубедливо водство.
Сето тоа Норвешка знаеше како да го казни во вториот дел, каде Македонија немаше шанса против растрчаните Норвежани, кои пак сосема заслужено изборија пласман во четвртфиналето, каде ќе играат со подобриот од дуелот Данска – Унгарија.
Во нашиот табор најефикасен беше Кирил Лазаров со 6 погодоци, еден помалку имаше Стоилов. Танген и Јондал постигнаа по 6 погодоци кај Норвешка, додека Бјорсен и Сагосен имаа по 5.