14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Грчките медиуми открија каква порака добил судијата од претседателот на ПАОК кој посегна по пиштолот (Видео)

Грчките медиуми и натаму со голема неверица ги пренесуваат драматичните случувања од теренот на мечот меѓу ПАОК и АЕК, на кој во главна улога се најде претседателот на домаќините кој одлучи да ги решава работите на свој начин, влетувајќи вооружен на теренот.

Судијата му поништи гол на ПАОК по една контроверзна ситуација во самата завршница, а тоа предизвика хаос на теренот и влетување на Иван Савидис кој заедно со своите бодигарди парадираше на теренот со пиштолот кој му беше на ременот.

Грчките медиуми откриваат дека Савидис им забранил на своите играчи да го доиграат мечот кој официјално е запишан со резултат 0:0, а исто така обелоденуваат дека на главниот судија кој го поништи голот му се обратил со зборовите „ти си мртов човек“.

За неверојатниот хаос и лудница на теренот по крајот на мечот говореше и тренерот на АЕК кој вели дека Савидис им се заканувал и на играчите на неговиот тим.

– На почетокот не знаевме дека има пиштол, а потоа видовме. Тоа што газдата на ПАОК влегува на теренот да го брка судијата со некоја лоша намера најдобро говори за тоа што се случи. Се виде дека ја држеше раката за ременот и дека во еден момент посегна по него. Ако продолжеше лудилото, можеби и ќе го впереше на некого. Не му се закани само на судијата, туку на сите на теренот, – вели тренерот на АЕК, Маноли Хименез кој додал дека ова е најлудата работа која ја видел во фудбалот.

https://twitter.com/Admiral1975/status/972953734346084354

https://twitter.com/Bet2Earn/status/972944965792825346

поврзани објави

Последни објави