Истражувањето во САД на Универзитетот во Вермонт покажало дека редовното конзумирање на лута пиперка го зголемува животниот век.
Во истражувањето учествувале лица со болести на срцето и мозокот, а анализирани се околу 16.000 лица. Во набљудувањето кое било вршено скоро 20 години, примероците кои редовно конзумирале лута пиперка имале просечно 13 % помалку ризик за смртност.
Научниците веруваат дека овие наоди се темелат на состојката во пиперката која ја прави лута, а која има улога да ги регулира молекулите во телото, како и циркулацијата на крвта.