13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ШОУ НА САЛАХ: Петарда на Ливерпул, Египќанинот постигна 4 гола

Во последната средба на саботната програма од Премиер лигата Ливерпул го дочека Ватфорд, а црвените славеа со 5-0 (2-0), а најголемите заслуги за убедливиот триумф му припаѓаат на Мохамед Салах, кој постигна четири гола, а имаше и една асистенција.

Салах првиот погодок го постигна уште во 4. минута, а пред крајот на првото полувреме, поточно во 43. минута сјајниот центаршут на Робертсон од лева страна го пронајде повторно египетскиот Меси Мохамед Салах.

Во 77. минута Салах го комплетираше хет-трикот, кога при пад упати удар кон противничкиот гол.

Но, моќниот фудбалер на Ливерпул не запре овде со својата прекрасна игра за клубот и веќе во 85. минута добро го прогира Ингса, овој шутираше директно во голманот на Ватфорд, но по одбранетиот удар, на топката налета токму Салах, кој го постигна својот 4 погодок на оваа средба, а својот 28. во Премиер лигата оваа сезона.

Малку недостасуваше Салах да стигне и до својот 5. погодок, но во првата ситуација, но лошо реагираше Мане, за да потоа Карнезис да стигне до топката пред Египќанинот.

https://twitter.com/samermustaf/status/975088985642061824?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fsport.novi.ba%2Fclanak%2F220583%2Fsalahov-show-na-anfieldu-petarda-liverpoola-egipcanin-zabio-cetiri-gola&tfw_creator=Sport.ba

поврзани објави

Последни објави