На 19 март 2018 година во Мајами, САД, прерано од овој свет замина нашиот сограѓанин Дејан Димитровски Зиле. Со длабока болка во срцето семејството Димитровски ги известува најблиските и пријателите за прераната смрт на својот многусакан Дејан Димитровски – Зиле, човек со добро срце кој најмногу ќе им недостига на најблиските, роднините и пријателите. Во овие тешки времиња семејството Димитровски има потреба од молитва и поддршка бидејки се потребни 20.000 долари за транспорт на неговото тело дома, во Македонија каде што Дејан ќе почива во неговиот вечен дом. Сите донации ќе бидат искористени за транспортот и околу тој процес. Донациите се доброволни, а средствата можат да се донираат на линкот подолу каде детално е опишан начинот како да им се помогнеме на унесреќеното семејство Димитровски, кои од срце им се заблагодаруваат на сите кои учествуваат во обезбедувањето 20.000 долари, средства кои се повеќе од неопходни во овој тежок момент за нив. Линк за помош на семејството Димитровски