Возач на цистерна полна со гас починал од срцев удар додека возел по што цистерната удрила во рид и се преполовила.
Несреќата се случила вчера на меѓународниот пат за Бугарија во близина на месноста викана Илиева чешма.
– Несреќата во Итната медицинска служба е пријавена во 16:50 часот по што од наша страна е веднаш интервенирано. Од прегледот на телото на сега починатиото лице со иницијали М.Б. родено 1963 година, констатиравме дека станува збор за срцев удар, изјави доктор Гоце Стоименовски од Итната медицинска служба, пренесува МИА.
Според првичните информации, во несреќата нема други повредени лица.