23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Хорор во Скопје: 12-годишно момче претепано со метална шипка

Повеќемина малолетници во сабота вечерта околу 19 часот нападнале 12. годишно момче на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје.

Инцидентот се случил по претходна расправија, нападнатото момче било заедно со свои другари, кога се случила и самата тепачка.

Еден од напаѓачите на брутален начин го удрил момчето со шипка во глава, поради што повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

По лекарската интервенција констатирани се телесни повреди, од страна на МВР работат на целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави