Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планира да оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова ќе биде првиот разговор меѓу двајцата, по инаугурацијата на Трамп.
Пред состанокот на кабинетот Нетанјаху рече дека планира да разговара со Трамп за конфликтите со Палестинците, Сирија и „иранската закана“.
Трамп вети силна поддршка за Израел за време на предизборната кампања.