14.8 C
Skopje
Thursday, April 17, 2025

Кој е мистериозниот милијардер кој планира да направи земјотрес во американската политика

Новите извештаи за скандалот во врска со “Cambridge Analytica” повторно во фокусот на медиумите довеле еден од нејзините најголеми донатори – мистериозниот милијардер Роберт Мерсер.

71-годишниот Мерсер се збогатил со водење на хеџ фондот “Renaissance Technologies” и донирал милиони за кампањата на Доналд Трамп.

“Washington Post” го вброил во 10-те највлијателни милијардери во политиката. Тој е всушност една од клучните фигури кои се заслужни за победата на Доналд Трамп, иако за него не се пишува многу.

“Cambridge Analytica”

Околу 15 милиони долари инвестирал во “Cambridge Analytica”, компанијата обвинета дека ги злоупотребила податоците на корисниците на “Facebook”, токму во предизборната кампања во 2016. година.

Мерсер е доктор по компјутерски науки и бил пионер во развојот на вештачката интелигенција, а подоцна своето знаење го искористил да прави алгоритми за трговија кои на него и неговите клиенти им донеле милиони.

Мерсер исто така донирал и во кампањата за “Brexit” и му ги понудил аналитичките услуги на Најџел Фараж.

Според пишувањето на “Times”, Мерсер во 2013. година прв пат се поврзал со британската компанија за аналитика на податоци “SCL Group”, од која дел е “Cambridge Analytica”, кога се согласил да помогне во финансирање на пилот проект, вреден 1,5 милиони долари, за анкетирање на гласачи и тестирање на психолошки пораки во гувернерската трка во Вирџинија.

Иако тогаш кандидатот на републиканците изгубил од демократот, Мерсер видел можности во оваа технологија и прифатил и натаму да вложува во неа.

На почетокот на 2014. година Мерсер вложил 15 милиони долари за создавање на “Cambridge Analytica”, а еден од главните луѓе таму станал Стивен Бенон.

Брајтбарт

Заедно со ќерката Ребека, Мерсер поддржал бројни конзервативни движења, а еден е од најголемите донатори на Републиканската партија, и без него немало да постои најпознатиот алтернативно ултрадесничарски сајт “Брајтбарт”, каде исто така соработува со Бенон.

Овој сајт станал многу популарен меѓу конзервативците, но и меѓу белите супремацисти. Наменет е за работничката класа од бели мажи христијани, кои се чувствуваат загрозени во Америка од страна на владата, мигрантите, припадниците на другите религии, феминистите…

Меѓутоа, во ноември минатата година Мерсер објавил дека ќе ја напушти позицијата извршен директор на “Renaissance Technologies” и ги продал своите акции во “Брајтбарт” на своите ќерки.

Една од неговите наводни цели е целосно да ја промени Републиканската партија.

“Тој го мрази републиканскиот естаблишмент”, вели Патрик Кадел, некогашен анкетар на Демократската партија и хонорараец кој работел за Мерсер.

Овој милијардер има и голема колекција на оружје, во главно историски примероци, но и автоматски пушки.

 

Извор: Tocka.com.mk

поврзани објави

Последни објави