22.8 C
Skopje
Monday, June 30, 2025

Бигорски подготви прекрасно видео за Страдањата Христови

Бигорската обител подготви ново видео посветено на Страдањата Христовои, како вовед до последната недела од големиот пост пред најголемиот православен христијански празник – Воскресението Христово, Велигден.

Оваа недела, наречена Големата и Страдална Седмица, изобилува со прекрасни богослужби во храмовите, преку кои се доживуваат Страданијата Христови, големи настани кои според црквата го променија светот.

Во видеото се искористени материјали од минатогодишното празнување на Страдалната Седмица во Обителта.

-Овој видео материјал, нуди прекрасна можност нашиот народ да се подготви за претстојните значајни и големи денови, да ги почувствува и соодветно да ги пренесе меѓу ближните. Богослужбите кои се прикажани оставаат силен впечаток меѓу верните, го зајакнуваат нивниот дух, оти како што се вели и во самото видео, тие сите нас нè внесуваат во историските мигови на Христовите страдања, но не само како набљудувачи, туку и како живи учесници, велат од Бигорски.

 

поврзани објави

     

Последни објави