28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Холандија ја спушти Португалија на земја, Роналдо немоќен

Португалија е понижена во пријателскиот натпревар против Холандија бидејќи изгубија со резултат од 0-3.

Само првото полувреме беше доволно за Холандија да ја заврши работата, а веќе во 32. минута водеа со 2-0. Прво Мемфис Депаи после контра кој сам ја изнесе постигна гол за 1-0. Вториот гол е дело на Бабела Рајан кој игра одлично во последно време, а го постигна со глава откако се најде во шеснаесетерецот на противникот. Во судското продолжение од првото полувреме поточно во 47. минута Ван Дијк дочека една повратна топка и со сјајен удар од левата страна ја сместа во десниот долен агол. Доказ за тоа каква одбрана имаше во првото полувреме репрезентацијата на Португалија, е, токму овој гол бидејќи дефанзивец прима топка во шеснаесетерецот и без никаква пречка успеа да постигне гол.

Холандија после завршена работа сите карти ги стави во одбрана, а Португалија во второто полувреме беше доминатна, напаѓаше, но безуспешно.

Ова беше прв пораз на Португалија после осум натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=qm-8hJWBgeo

поврзани објави

     

Последни објави