Честитајки им го изборот за членови на НК на ГДУ и УК, претседателот на партијата, Петар Колев истакна – Се радувам што мнозина со кои се запознавме во овие три месеци, денеска сте дел од партиската структура и имате желба и воља да вложите дел од вашето време и искуство во ГДУ. Можеби некому тој период му изгледа краток, но, барем мене ме исполнува со доза на задоволство затоа што иако мнозина од нас не се познававме меѓусебе, сепак се обединивме околу една идеја,околу принципи кои се темелите и на нашата партија и на нашето меѓусебно пријателство. Ви посакувам успех во обврските кои денеска сите ние ги преземаме, како од организациска природа, така и од политичка. Во тоа сум целосно уверен- истакна во своето обраќање пред присутните претседателот на ГДУ, Петар Колев.