11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Благодатниот оган – Чудо на Христовиот гроб (вовед)

Вовед

Чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, кое се случува секоја година за време на една посебна православна служба на Велика Сабота на пладне, во последно време е многу актуелно во научните кругови поради ставовите со кои се негира неговиот натприроден карактер, односно веќе со векови сведоченото и до ден денес доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, кој го го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх  пали четири снопчиња по 33 свеќи и со нив им го дели Огнот на верниците што го очекуваат. Постојат дури и сведоштва дека истовремено со чудесното палење на кандилото на пресветиот Гроб, понекогаш се палат и други кандила, како и некои свеќи што ги држат поклониците.

Во библиографијата се забележани изјави од многу современи веродостојни сведоци кои го виделе Благодатниот Оган како следува. Дури постојат и видео записи со современи технички средства. Но ова чудо, кое се повторува секоја година, и понатаму е примано со сомнеж од страна на многу скептици, кои го порекнуваат, и воопшто негираат било какво чудо, сметајќи го за веродостојно само она што може научно и експериментално да се докаже, значи само оние опипливи и природни појави кои се подложни на испитување во научните лаборатории.

Значи веќе подолго време постои потреба од едно вакво историско преиспитување на чудото на Благодатниот Оган. Во овој текст ќе наведеме некаде околу 45 различни сведоштва, претежно непознати до сега, кои покриваат период од осум векови, односно од IX до XVI век, земајќи предвид и бројни ракописи кои се чуваат во некои од најголемите светски библиотеки, сѐ со цел да го потврдиме овој чудесен феномен. Нивното собирање беше тежок и долготраен процес. Сепак нивното приложување и наведување беше неопходно за од една страна да се отстрани дури и најмал сомнеж во автентичноста на кажаното, а од друга за да се олесни контактот на читателот со оригиналните извори на текстови.

Сите тие извори на импресивен начин и едногласно зборуваат за необичната светлина или оган која чудесно се спушта од небото пред очите на огромното тогаш присутно мнозинство народ. Оваа светлина се поистоветува со натприродната Светлина која заблескала на Христовиот Гроб во мигот на Воскресението.

Светиот Оган најверојатно прв пат се појавил  на 5 април  во 33 г. од н.е, точно во времето на Воскресението на Богочовекот, од полноќ на Велика Сабота па до неколку часа пред  разденување на Воскресна Недела. И сè до денес, повеќе од два милениума истиот Оган и понатаму како молња слегува на Христовиот Гроб секоја Велика Сабота, неколку часа пред прославата на Неговото Воскресение.

Пред да почнеме со изложувањата на споменатите сведоштва за чудата поврзани со Благодатниот Оган, зачувани во вредни и ретки ракописи ширум светот, добро би било најпрвин накратко да се запознаеме со историјата на Ерусалимската Црква.

(Продолжува)

Посетете ја официјалната веб-страница на Бигорски Манастир овде

поврзани објави

Последни објави