6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Сите глупости на Марио Балотели собрани на едно место (ФОТО+ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер сити и репрезентацијата на Италија, Марио Балотели (22), без двоумење поседува огромен талент, но проблематичното однесување, барем засега, го попречува да го покаже сиот свој потенцијал.

Уште како играч на милански Интер, младиот фудбалер роден во Палермо од родители со потекло од Гана, стекна статус на „лошо момче“, личност која што воопшто не се воздржува да води развратнички живот. Ништо не се измени ни откако премина во Сити, кога неговиот сонародник на клупата на „граѓаните“, Роберто Манчини, изјавуваше оти ќе го „смири“ и Балотели допрва ќе почне да ги покажува своите квалитети. Засега, очигледно е дека италијанскиот стратег не успеа во таа своја намера, барем не како што посакуваше.

Во меѓувреме, самиот Балотели, преку своето однесување и постапки, се потруди, и сѐ уште се труди, таквиот негов имиџ да не остане само легенда. Еве неколку од неговите најпознати „достигнувања“:

– Преживеал сериозна болест како новороденче;

– Автомобилот досега му бил запленуван од полицијата 27 пати;

– Платил над 15 илјади фунти казни за паркирање;

– Беше казнет со 300 илјади фунти затоа што ги гаѓаше младинците на Сити со стрелички за пикадо;

– Освоил 25 илјади фунти во казино, по што на проститутка која стоела пред објектот ѝ подарил илјада;

– Го гаѓаше менаџерот на Серија А со домати;

– Фрлаше со водени балони на сослушувањето на дисциплинската комисија на Серија А;

– Започнал тепачка со четворица исфрлувачи пред ноќен клуб. Балотели бил виновен за инцидентот, секако;

Необичната поза по постигнатиот гол против Германија во полуфиналето на Европското првенство;

– Купи „Ауди“ од 120 илјади фунти, а по седум дена го стави на продажба;

– Негов другар во една прилика ѝ пришол на извесна девојка со зборовите: „Балотели сега ќе те прими“;

– Како дете, мајка му го пратила да купи некои основи работи за домаќинство, а тој се вратил со трамполина и „Веспа“;

– Досега, се степа со Компани, Боатенг, Тевез и Ричардс;

– Во периодот кога играше за Интер, често бил забележуван во фан-шопови на Милан;

– Се појави и во дрес на Милан со своето име на него;

– Во еден меч на младата репрезентација на Италија, по еден претрпен фаул, седел на теренот околу пет минути, игнорирајќи ги обата тима и судиите;

– Кога ќе добие црвен картон, што му се случува неретко, ритуал му е во бесен стил да го напушти стадионот;

 

– Секогаш кога ќе му се укаже можност ги провоцира противничките играчи, и се радува пред противничките навивачи;

– По финалето на англискиот Куп, за време на пренос во живо, рече: „Бев ср**е оваа сезона…смеам да кажам ср**е на телевизија?“

Кога италијанската полиција во една прилика го сопрела во неговиот роден град, полицајците кај него нашле 25 илјади фунти во кеш, по што еден од нив го прашал: „Зошто имате толку пари во себе?“. Балотели одговорил: „Затоа што ми се може“;

– Ѝ раскина на девојката, додека оваа водеше емисија во живо;

– Ја мамел девојката со една позната италијанска манекенка, додека оваа се наоѓала во истата куќа;

– Во два наврати имаше вистински проблеми да го облече маркерот за тренинг, при што соиграчите беа принудени да му помогнат;

– Влегол со својот автомобил во женски затвор, причина: едноставно, сакал да види што има таму;

– Беше поврзуван со италијанската мафија;

– Играше забавни игри на својот „Ајпод“, затоа што му беше здодевно на клупата на мечот Италија – Фарски острови;

– Стана заштитно лице на компанија која се занимава со заштита од пожари, само ден откако ја запали својата куќа со огномет;

– Кога оди во шопинг, на секој продавач му остава по 50 фунти;

– Минатата година, неколку дена пред католичкиот Божиќ се облече во костум на Дедо Мраз и фрлаше банкноти од своето „Масерати“;

– Ѝ скандирал „Руни, Руни, Руни“ на проститутка која што тврдела дека спиела со напаѓачот на Јунајтед;

– Кога репрезентацијата на Италија доби нови, редизајнирани дресови, тој истрча на теренот во стариот дрес, со објаснување дека повеќе му се допаѓа;

– Го претвори дворот на куќата во патека за екстремни спортови;

– Го праша архитектот кој му ја уредуваше куќата, „Што е тоа библиотека?“.

https://www.youtube.com/watch?v=2oeNO-4SDko

Прочитајте го целиот напис на МКД.МК

поврзани објави

Последни објави