Вечерва Сити по чудо
Манчестер Сити вечерва го дочекува Ливерпул и ќе се обиде да направи вистинско чудо.
Ливерпул на Енфилд славеа со 3-0 во првиот натпревар од четврт-финалето од ЛШ, и без обзир на таа предност, Јурген Клоп и неговите играчи знаат дека ништо не е готово.
Пеп Гвардиола на Етхиад ќе проба да направи чудо, но прашање е колку тоа ќе биде возможно, бидејќи, не само што неговиот тим треба да постигне три гола, важно е и да не прими гол, а против нив има играчи како што се Салах, Садио Мане и Роберто Фирмињо.
Она што може да се очекува вечерва се некакви промени во играта на Сити. Наводно Пеп Гвардиола наместо Лапортеа ќе му даде шанса на Фабиан Делф, чија основана задача ќе му биде да го запре Салах.
МОЖНИ СОСТАВИ:
Manchester City (4-3-3): Ederson, Delph, Walker, Kompany, Stones, Fernandinho, Silva, De Bruyne, Sane, Sterling, Aguero.
Liverpool (4-3-3): Karius; Robertson, Alexander-Arnold, Lovren, Van Dijk, Wijnaldum, Milner, Oxlade-Chamberlain, Mane, Salah, Firmino.