25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Од мемоарите на Коми: Трамп е закоравен лажго и се однесува како шеф на мафијата

Претседателот Доналд Трамп е закоравен лажго и како мафијашки шеф бара од луѓето во неговото опкружување да почитуваат кодекс на лојалност, пишува поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во мемоарите кои претстои да бидат објавени следната недела, пренесоа агенциите „Франс прес“ и „Асошиејтед прес“.

Извадоци од мемоарите на Коми, насловени „A Higher Loyalty: Truth, Lies, and Leadership“, истекоа во медиумите вчера.

Поранешниот шеф на ФБИ, кој беше отпуштен од Трамп во мај 2017 година, кажува скандалозни и зачинети приказни за претседателот. Според зборовите на Коми, поткрепени со обилни детали, претседателот гради „кожурец од алтернативна реалност, во кој не обвива сите нас“, откако го нарекува „лишен од човечки емоции и потчинет на своето его“.

Тој му врши притисок во врска со истрагата за руска интервенција во изборите во САД во 2016 година и во истрагата за мејловите на Хилари Клинтон.

Трамп побарал Коми да истражува тврдењата дека бил со руски проститутки во хотел во Москва во 2013 година и дека имало видеоснимка на сексуалната средба опишана од поранешен агент на британската разузнавачка служба по нарачка на политичките противници на републиканскиот кандидат за претседател. Првично се верувало дека наводите биле веродостојни од страна на американската разузнавачка служба, но потоа биле доведени во прашање.

Коми пишува дека во јануари 2017 година Трамп го повикал во „Трамп Тауер“ во Њујорк и му порачал да „ги побие овие премногу неповолни за него тврдења, ако има и шанса еден отсто неговата сопруга Меланија да ги прифати сериозно“ .

Поранешниот шеф на ФБИ опишува атмосфера, достојна за мафијата: „молчаливо опкружување кое се согласува со сè. Шефот од кого зависи дали е ден или ноќ. Заклетва за верност. Гледиште за светот, според кој сите се против нас. Секакви лаги – мали или големи, во корист на нешто како код на верност што ја става организацијата над моралот и вистината“.

Во своите мемоари Џејмс Коми ја следи својата 20-годишна кариера како обвинител во Њујорк, потоа заменик-министер за правда во владата на Џорџ Буш Џуниор и директор на ФБИ од 2013 до 2017 година, посочува АФП.

Тој беше отпуштен по налог на претседателот и во сослушувања пред Конгресот изјави дека Трамп повеќепати настојувал пред него да ги заштити потчинетите од истраги, да изјави лојалност и да ја задуши руската истрага.

Тогаш Коми раскажува како на вечера на 27 јануари – само една недела по инаугурацијата – тој побарал од него своевидна заклетва за лојалност лично кон претседателот – нешто што никој директор на ФБИ кој има самопочитување не би го направил, најмалку бидејќи неговата лојалност е кон уставот на земјата.

„Претседателот започна со тоа што ме праша дали сакам да останам директор на ФБИ, што ги сметав за чудно, бидејќи во два претходни разговори тој веќе ми изјави дека сака да останам, а јас го уверив дека и мојата намера е таква. Тој рече дека многумина ја сакаат мојата работа и предвид нападите на кои сум бил подложен минатата година, ќе ме разбере, ако сакам да се повлечам“.

Прочитајте го целиот напис на стандард.мк (ИЗВОР) – ОВДЕ

поврзани објави

     

Последни објави