Премиерот Емил Димитриев денес изјави дека партијата ВМРО-ДПМНЕ го овластила претседателот на партијата, Никола Груевски, да ги води разговорите за состав на новата влада.
„Како партија го овластивме претседателот Никола Груевски да ги води разговорите за состав на новата влада. Во моментот не сакам да прејудицирам било што околу преговорите кои се во тек. Рокот го знаеме и секако дека ќе мора да има одреден епилог“, изјви Димитриев.
Тој очекува дека ќе се надмине кризата и оти по формирањето на новата влада ќе почне реализацијата на проектите кои што се од интерес за граѓаните.
„Како и сите граѓани, очекувам да ја надминеме кризата. На никого не му е во прилог тензична состојба во која институциите се во грч, а граѓаните во неизвесност. Очекувам сето тоа да се релаксира со формирањето на новата влада бидејќи постојат многу потреби коишто треба да бидат реализирани за граѓаните, а кои се дел од програмата со која победивме“, истакна претседателот на Владата Емил Димитриев.