25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Шеиците нема да штедат: Ќе го одврзат ќесето и ќе дадат 150 милиони за овој играч на ПСЖ!

Познато е дека ПСЖ има големи проблеми поради финансискиот фер-плеј по лудиот летен преоден рок кој го имаа „Светците“, сега тој проблем можат да им го „решат“ шеиците од Манчестер Сити.

Наводно УЕФА покренала дисциплинска постапка против ПСЖ бидејќи изгледа нема да можат да ги израмнат сметките, а по се судејќи во трансферите на Нејмар и Мбапе има повеќе од она што не го знаеме отколку што знаеме, и така долгот нема да биде само 50 милиони евра, туку многу поголем за работите да се вратат во нормална состојба и да не бидат казнети.

Манчестер Сити е упатен во целата ситуација на нивниот „братски“ клуб, а според информациите на „Мирор“, тие се заинтересирани за Мбапе кој ќе се обидат да го доведат веќе ова лето. Се надеваат дека информациите околу фер-плејот се точни и дека токму ПСЖ ќе биде приморан да продаде некои играчи, а продажбата на Мбапе би ги средила сите долгови.

поврзани објави

     

Последни објави