Kосово треба да стане дел од Европската Унија и НАТО
Ова го изјави на пресконференција претседателот на Косово Хашим Тачи после средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. “Имаме многу заеднички нешта овде на Балканот. Косово ќе го продолжи дијалогот со Србија и ќе работиме за мир во регионот. За нас е многу важно да биде либерализиран визниот режим. Со Бојко Борисов разговаравме и за проектите за инфраструктурна поврзаност меѓу шесте држави од Западен Балкан и ЕУ. Ние ќе се вклучиме во магистралата Тирана – Приштина – Ниш. Сакаме да му се заблагодариме на Бојко Борисов за сето она кое го прави за регионот, рече тој.
“Сите граѓани на Косово треба да знаат, дека Коридор 8 ќе биде излез кон Европа, Бугарија и Азија“, рече Борисов. “Поминаа доста години, откако сум бил последен пат тука како главен секретар. Гледам, дека Косово постигна многу и е на вистински пат. Исклучително многу верувам на моите пријатели претседателот Вучиќ, сите колеги, за да продолжи дијалогот меѓу Косово и Србија. Треба да и покажеме на ЕУ, дека државите во регионот се мирни и сплотени. Имате многу работа со колегата Вучиќ, но треба да ја завршите.Треба да ги решите проблемите со Србија. Само тогаш ЕУ ќе погледне со други очи кон нас“, рече бугарскиот премиер.
“За средбата в Софија сите се подготвуваат. Таа ќе биде многу интересна. Се обраќам кон целата политичкаелита на Балканот – заборавете на егоизмот. Егозимот може да нанесе само штети на Балканот. Просперитетот доаѓа од инвестициите и инфраструктурните проекти. Само така можеме да создадеме работни места и да ги задржиме младите луѓе на Балканот“, категоричен беше Борисов.
Надявам се да продължи диалогът между Сърбия и Косово, за да може ЕС да приеме всички държави от Балканите без проблеми, с политически елит, който може да води народите си към бъдеще без войни.
Posted by Boyko Borissov on Monday, April 16, 2018