Сите оние кои што работат во општината “Младост“ во Софија (Република Бугарија) треба да останат во зградата до 17 часот, а дотогаш таа останува затворена и за граѓаните.
Причината е апсењето на градоначалничката Десислава Иванчева. Според непотврдени информации таа е фатена со поткуп од 70. 000 евра.
Веќе неколку часа општината не работи заради извршувањето на распит.
ПР-от на општината Петар Карџилов објасни пред новинарите, дека некој сака да ја урне репутацијата на градоначалничката и нејзината екипа.
“Ние сме сигурни, дека ова е комплицирана приказна, бидејќи се засегнати интереситена големи луѓе, кои сакаат да бидат над се овде“, посочи тој.








