7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Извештајот наговестува и одредени слабости на кои ние ќе продолжиме да работиме

Делот на капиталните инвестиции ќе мора да го засилиме, мораме да ги зајакнеме фискалните капацитети на Македонија, ќе мора да продолжиме да работиме за да напредуваме, но ова денеска е силна потврда и мотивација за мене и целата Влада, да работиме за да се остварат конечните цели членство во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција за извештајот на ЕК.

Верувам дека комесарот Хан е добро информиран, навистина имаме напредок во процесот за спорот со името, тоа ми дава силна желба, волја и оптимизам да продолжиме за во идните недели да се реши овој спор. Ние би биле среќни доколку тоа деценискиот спор би бил решен пред Самитот на ЕУ во јуни, затоа што тогаш ќе се носи одлуката за датумот на преговорите, но пред се многу важно е решавање на спорот за името.

 

Ние покажавме европски манири, сигналот го испративме со договорот со Бугарија, веруваме дека ЕУ тоа знае да го почитува. Потврдуваме учество на сите, не само на власта, туку и на опозицијата и граѓаните, ако сите работиме за интерес на граѓаните, за интересот на Република Македонија тогаш ЕУ и понатаму ќе испраќа вакви позитивни сигнали за нашата држава, додаде премиерот.

поврзани објави

Последни објави