Во изјава за Поглед.мк претседателот на ОМ Љубе Бошковски кој беше назначен за посебен советник за привлекување на странски инвестиции и менаџирање со десничарските политички партии, вели дека неговиот ангажман ќе биде координирање на десницата во Македонија што подразбира комуникација со сите десничарски партии, пренесување на нивните ставови.
– Мојот ангажман ќе биде координирање на десницата во Македонија, со еден збор да се слушне гласот на десницата во Република Македонија, рече Бошковски.
Бошковски рече дека остварува контакт и со ВМРО НП на Љубчо Георгиевски и со други партии од десницата кои не се дел од власта, но со кои делат исти вредности.
– Јас како координатор остварувам контакти и со ВМРО Народна партија и со други десничарски партии кои не се дел од власта, а кои делат исти вредности. Ако истите се спремни да помогнат во реформскиот процес ние сме расположени за соработка, знам дека разговорите се во тек, сакам и се надевам дека ВМРО НП ќе биде дел од власта во Република Македонија, но пред се десницата треба да биде во власта за да ги промовира и негува нејзините вредности и тоа е наш приоритет, рече Бошковски во изјавата.
– „Што се однесува до ВМРО за Македонија истата имаше три столба тоа беа ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство а господинот Георгиевски беше неформалниот лидер на истата со кого имаме беспрекорна соработка“, додаде тој.