Турскиот парламент одобри продолжение на вонредната состојба за уште три месеци која е воведена по неуспешниот воен пуч во јули 2016. година.
Тоа значи дека парламентарните и претседателските избори, кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги најави за јуни, ќе бидат одржани во време на вонредна сосјтоба.
Водечката турска опозициска партија претходно денеска побара прекинување на вонредната состојба во државата.
Ердоган претходно објави дека изборите во Турција ќе бидат одржани на 24 јуни, односно една година пред планираниот термин.