Како што пишува новинската агенција „Макфакс“, по вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ им одговориле дека ги вработиле поради исклучителните биографии во поглед на нивното образование, но и делумното работно искуство што го поседуваат.
„Поради тие причини, дадена им е можност да се вклучат во работниот процес во институциите на Македонија, но со оглед на тоа што станува збор за млади лица, со нив е склучен договор за привремено вработување. Во следниот период тие ќе бидат подложени на оценка за нивната работа и од покажаните резултати ќе зависи дали нивниот ангажман ќе биде продолжен или договорите ќе бидат раскинати“, велат од ЕЛЕМ за „Макфакс“.
Прочитајте го целиот напис на „Макфакс“ ОВДЕ