22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

ЕЛЕМ ЗА МАКФАКС: Децата на Грчев и Џафери ангажирани оти имале исклучителни биографии

Како што пишува новинската агенција „Макфакс“, по вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ им одговориле дека ги вработиле поради исклучителните биографии во поглед на нивното образование, но и делумното работно искуство што го поседуваат.

„Поради тие причини, дадена им е можност да се вклучат во работниот процес во институциите на Македонија, но со оглед на тоа што станува збор за млади лица, со нив е склучен договор за привремено вработување. Во следниот период тие ќе бидат подложени на оценка за нивната работа и од покажаните резултати ќе зависи дали нивниот ангажман ќе биде продолжен или договорите ќе бидат раскинати“, велат од ЕЛЕМ за „Макфакс“.


Прочитајте го целиот напис на „Макфакс“ ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави