14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Германскиот аеродром „Фрапорт“ нуди годишни плати до 30.000 евра и платен стан

Најголемиот германски работодавец, аеродромот Фрапорт, објави дека има потреба од работници и им нуди годишна заработувачка од 25.000 до 30.000 евра.

Работниците треба да располагаат со основно познавање на германски и англиски јазик, а освен квалификуваните работници ќе се вработуваат и тие без квалификации.

На аеродромот во Франкфурт се вработени 81.000 работници, но и понатаму недостасува работна сила.

Бруто платата за поедноставните работи изнесува меѓу 25.000 и 30.000 евра годишно, а на работниците им се нуди и поевтино сместување, кое нема да ги чини повеќе од 350 евра.

Доколку бруто платата изнесува 25.000 евра годишно, тоа значи дека работникот месечно нето ќе заработува меѓу 1.600 и 1.700 евра.

поврзани објави

Последни објави