Дванаесет тела со траги на насилство се пронајдени во текот на викендов во градот Манзаниљо во западен Мексико.
По првичните зборови на локалниот полициски началник Карлос Хередија, на телата биле најдени приметливи траги на насилство и мачење, една од жртвите била жена.
Во напуштеното такси возило каде што се најдени оставна е порака потпишана од картелот „Нова генерација Халиска“. Овој картел е обвинет за низа убиства во мексиканската држава Колима.